• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, септември 11, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека не постојат услови за фер и демократски избори

февруари 22, 2016
in Тикер

ВМРО-ДПМНЕ смета дека не е точно дека не постојат услови за фер и демократски избори.

Од партијата оценуваат дека нема подготвеност на СДСМ да излезе на избори, затоа што во опозициската партија се свесни дека ќе ги загубат бидејќи ја немаат поддршката од народот. Според владејачката партија, СДСМ сака пролонгирање на кризата и е подготвен на сè за да го направи тоа.

„Претставниците на САД и на ЕУ не презентираа ниту еден сериозен и веродостоен аргумент во прилог на тезата за неподготвеноста на Република Македонија за избори со што е јасно дека станува збор за процена базирана на политичка одлука, а не на факти. Во претходните денови, во интензивната комуникација со нив, на сите нивоа, како политичко, така и техничко, се уверивме дека нема валидни аргументи за одложување на изборите. Затоа вчера ја повикавме Државната изборна комисија, партиите и засегнатите меѓународни претставници на јавна дебата. Затоа претседателот на ДИК вчера се криеше и избегнуваше средба во текот на целиот ден“, велат од владејачката партија.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ваквата состојба може да ја воведе земјата во нови проблеми и наместо кон излез од кризата да ја однесе кон нејзино продлабочување, спротивно од тоа што го очекуваат граѓаните, политичките чинители во земјава и меѓународната заедница.

„СДСМ е единствената опозиција што се гордее дека измолила негативен извештај кај меѓународните претставници со кој би го аргументирала бегството и стравот од соочување со граѓаните на избори. СДСМ никогаш не дошла на власт со програма и со проекти и знаат дека не можат да го сторат тоа. Единствениот начин што им преостанува е преку деструкција, подметнувања и оцрнувања на сопствената земја и институции, што е можно подолго технички да останат во Владата“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извор: www.meta.mk

Посетеност: 77
Share
Previous Post

Утре е Свети свештеномаченик Харалампиј

Next Post

Две сценарија за (не)распуштање на Собранието

Next Post

Две сценарија за (не)распуштање на Собранието

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 77

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk