• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 9, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

ВМРО ДПМНЕ – Охрид му возвраќа на СДСМ – Охрид

јануари 24, 2016
in Тикер

СДСМ ги навреди сите граѓани. СДСМ континуирано се обидува со  манипулации да го оттргне вниманието од аферите кои постојано се отвраат окулу виоките претставници на нивната парија.

          Ако во СДСМ се научени на таков вид на комуникација, тоа е недозволиво да го применуваат кон останатите граѓани.

          Наместо да измислуваат лаги добро ќе беше на граѓаните да понудат програма, тоа се очекува од сериозна и одговорна партија. За жал СДСМ не е таква партија.

          Ниту имало, ниту некогаш ќе има притисоци врз членовите на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Унијата на жени е дел од партијата и учествува во формирањето и реализирањето на политикита кои ги застапува ВМРО-ДПМНЕ.

          Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во континуитет е присутна во сите области на живеење, било да е тоа со нашите хуманитарни акции, едукативни трибини и работилници или со нашето присуство на терен меѓу нашите сограѓани обидувајќи се да помогнеме во решавање на секојдневните предизвици со кои сите ние се сооќуваме.

          Почитувани, времето на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски ниту некогаш поминало, ниту некогаш ќе помине. Напротив тоа е време во кое се спроведуваат најголемите реформи во поновата историја на Македонија, време во кое се привлекуваат најголемите странски инвестиции за вработување на младите луѓе во државата, време во кое се градат најголемите инфраструктурни проекти, автопатишта, регионални патишта, водоводи и канализација, нови училишта и градинки, време во кое земјоделците добиваат најголеми субвенции, а младите преку проектите “Купи куќа, купи стан“ и можат да го решат своето станбено прашање, да формираат семејство и да придонесат во понатамошниот општествен развој.

          Господо од СДСМ, помина едно друго време, времето на Бранко Црвенкоски и СДСМ со транзицијата и најголемата кражба на македонските граѓани преку криминалната приватизација. Помина времето на распродавањето на македонскиот идентитет, виткање на кичмата за промена на името и знамето на Републиката.

          Почитувани, помина времето на аболицираните и црпнати личности од Муртино, бесрамните криминалци, времето на разнебитувањето и уништувањето на Охрид како град, од луѓе кои сега како големи душегрижници пишуваат соопштенија без никаков срам. Тие што го урнисаа Охрид, го испокрадија и задолжија со десетици милиони евра, кажуваат дека поминало нечие време.

          Граѓаните на Охрид и Република Македонија точно знаат чие време поминало. Тоа го покажуваат на сите преходни избори последните 10 години, давајќи му поддршка на лидерот Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

          Чие време поминало ќе кажат граѓаните на 24 април кога во Охрид СДСМ ќе доживее уште еден срамен пораз со разлика поголема од 8000 гласови.

          Ете, тие и само тие – граѓаните на Република Македонија кажуваат чие време поминало, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ- Охрид. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 95
Share
Previous Post

Балканска бегалска рута – има ли „план Б“?

Next Post

„Чист Охрид“ – „Размислувај глобално – делувај локално“

Next Post

„Чист Охрид“ - „Размислувај глобално - делувај локално“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 95

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk