Локалната Власт предводена од СДСМ секој ден ги носи охриѓани с`е поблиску до бездна. Животот е со поскапување, реформите се со повисоки цени. Видливи се зголемените трошоци и нема никаво подобрување на животнииот стандард и услови за граѓаните, рече на денешната прес конференција претседателот на ВМРО ДПМНЕ – Охрид Кирил Пецаков.
Според оваа партија охриѓани плаќаат поскап дизел, зголемени се цените на производите и јавниот градски превоз, зголемена е цената на водата а поскапеа сметките за нискоградба.
Пецаков на пресот рече дека Управниот Одбор на ЈП „Градски Пазар“ на седницата одржана на 23.2.2018 донесол скандалозна одлука со која утврдил зголемување на висината на услугите за тезги за продажба на земјоделски и занаетчиски производи.
-Дали СДСМ свесно бара начини како повеќе да собира од граѓаните и сака да ги доведе пазарџиите до питачки стап, знаејќи дека и со новиот закон за зелени пазари имаат нови давачки за да набават лиценца, да платат паушален данок како и придонеси? Се зголемува надоместокот за користење под закуп тезги, дневниот надоместок за користење на тезгата за еден ден, штандови, а најголемо зголемување има кај деловните простори за цели 71.8%. Повисоките цени на закуп на тезгите кои ќе ги плаќаат пазарџиите, за разлика од порано, автоматски ќе ги поскапат и цените на производите кои охриѓани треба да ги купат. ВМРО-ДПМНЕ бара да се поништи одлуката за поскапување на услугите што ќе се наплаќаат на тезгаџиите под секакво достоинство и стандард и да се врати стариот ценовник во интерес на граѓаните на Охрид, рече Пецаков.
Публицитет.мк