Дали прекинувањето на проектот за Центарот за култура значи живот за Охрид и охриѓани?
ВМРО-ДПМНЕ бара од СДС веќе еднаш јавно да излезат и да им објаснат на охриѓани за одлуката за поништување на проектот за реконструкција, надградба и осовременување на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, донесена тајно, нетранспарентно и зад грбот на јавноста.
Прашуваме дали Охрид и охриѓани не се достојни да добијат објект на кој ќе се гордеат и во кој ќе може да ги следат културно-уметничките настани во својот град, посочувајќи дека во Центарот за култура се сместени и работат националните установи „Театар Охрид, „Охридско лето“ и библиотеката „Григор Прличев“.
Реализацијата на овој проект предвидуваше целосна реконструкција, надградба и осовременување на постоечкиот објект на Центарот за култура „Григор Прличев“ по сите светски стандарди. Веќе беше обезбеден буџет, избрано беше идејно решение и фирма проектант, која треба да ја изработи потребната проектна документација по што би се отпочнало градежните активности за реконструкцијата на објектот.
За СДС не се важни граѓаните. Тие не сакаат Охрид и охриѓани, како и сите граѓани на Република Македонија и бројните странски посетители, првпат по многу години во Охрид да добијат објект каде културните и уметничките настани ќе може да ги следат во современи услови по сите светски стандарди.
Но, сега тоа е стопирано од СДС, кои не сакаат во Охрид да има нов, современ и квалитетен објект кој не е ниту нивна идеја, ниту пак нивно дело. Јавно го прашуваме СДС, дали прекинувањето на овој значаен пр
Х Х Х
СДС е изгубена и почна да ги копира проектите на ВМРО-ДПМНЕ кои претходно ги критикуваше. СДС единствено што знае е да копира туѓи проекти и со нив да се фали. Продолжувале со нив, па засрамете се!
Очигледно нивниот кандидат за советник сже уште мисли и по превртувањето на неговата страна дека зборува за ВМРО-ДПМНЕ. Жителите на УЗ Воска и Далјан многу добро паметат што сже е направено за да можат да ви ги препознаат лагите.
Погледајте уште еднаш СДС ако не, слободно нека Ве прошета уште еднаш кандидатот-сончоглед за да ги видете:
– Кружниот тек на пресекот на улицата „Бистрица“ и булеварот „Туристичка“.
– По неколку децении целосно се реконструирани улиците, „Сатеска“, „Мичо Гилиќ“, „Сатеска“ и „Трајче Трајчески“, сите со нова атмосферска канализација во Далјан. Претходно овие улици беа во лоша состојба, со пропаднат асфалт на кој имаше прекопи и дупки. Поради непостоење на атмосферска канализација при врнежи од дожд се поплавуваа не само улиците туку и околните куќи. За првпат изграден е нов систем за собирање и одведување атмосферски води со колектор и испусна градба
– Нови автобуски постројки и современо јавно осветлување на цела територија Воска-Далјан
– Санација на ударни дупки на улиците „Сатеска“, „Васил Стевоски“ , „Аџи Мустафа“, „Гоце Делчев“, „Бистрица“, „Никола Петров- Русински“
– Партерно уредени тротоарите, изведба на водоводна линија и фекална канализација на улиците „Сатеска“, „Аџи Мустафа“ и „Бистрица“
– Саниран мостот кај Далјан и две пешачки патеки и уредено коритото на реката Грашница
– Спортско игралиште во Лескајца
– Реконструкција на водоводната линија крак 1, 2, 3, 4
и 5 на улицата „Крум Точко“
– Атмосферска канализација на улицата „Крум Точко“ и уште многу други проекти…
Х Х Х
СДС се неспособни и целосно неодговорни кон граѓаните. СДС во своите мрачни денови на власт само блокира и крати па така автопатот Кичево – Охрид е жртва на неодговорноста и некадарноста на СДС.
Неспособните СДС наоѓаа најбанални изговори, како да се запре изградбата на автопатот. Градбата на Автопатот Кичево – Охрид е во целосен застој повеќе од четири месеци.
До мај преку автопатот се гледаше работата на ВМРО-ДПМНЕ. Денес пак преку автопатот се гледа работата на СДС. До мај 1000 работници секојдневно работеа на автопатот. Сега речиси нула работници работат на автопатот. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ, ова е СДС.
СДС не работи за доброто на граѓаните, СДС работи согласно теснопартиските потреби. За СДС не се важни граѓаните за нив не значи ништо тој автопат за поголем број инвестиции во Охрид и поголема достапност на градот Охрид за туристите.
Тоа е стилот на работа на СДС. С`е што можеа да запрат како капитални проекти од ВМРО-ДПМНЕ ги запреа, а тоа што ептен е отидено во напредна фаза и немаат лице пред луѓето да го запрат, сериозно го забавија за да изгледа дека се дел од тој процес.