• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, ноември 10, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

ВМРО ДПМНЕ – Охрид: Во Охрид СДСМ ја губи поддршката од граѓаните

октомври 8, 2018
in Тикер
ВМРО ДПМНЕ – Охрид: Во Охрид СДСМ ја губи поддршката од граѓаните

Граѓаните ја казнаа штетната политика на СДСМ која изгуби 4000 илјади гласови на референдумот, јасен сигнал дека и понатаму ќе се намалува поддршката кај охриѓани, рече на денешната прес-конференција на Кирил Пецаков, член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

-Никој не смее да тргува со сопствената држава и со националните чувства. Охриѓани тоа го препознаа и ја поздравуваме зрелоста и одлуката покажувајќи исклучителна демократска и патриотска свест со тоа што не го поддржаа Договорот со Грција кој е крајно штетен за македонските државни и национални интереси.

Резултатите од референдумот во Охрид покажаа дека СДСМ за само една година изгуби речиси 4000 гласови, одосно на референдумот кампањата на СДСМ ја поддржаа 14.401 граѓанин на Охрид, додека пак на локалните избори пред една година за СДСМ во Охрид гласаа 18.262 граѓани. Да бидеме појасни, точно разлика од 3861 глас односно речиси 4000 гласови изгубени за само една година што е јасен сигнал дека ја губат поддршката кај народот.

Довербата кај граѓаните не може да ја добиете со притисок, закани и уцени од партиски лица кои се забележани и ќе одговараат пред органите на правдата, додека оштетените граѓани кои со чест и достоинство си ја сакаат Македонија ќе бидат заштитени.

Наместо тоа охриѓани очекуваа реализирање на ветените проекти на градоначалникот Јован Стојаноски кои останаа само слово на хартија, предизборна измама и манипулација. СДСМ сакаше државата да ја искористат како изговор за неисполнетите ветувања, непотизмот и криминалот.

Довербата кај граѓаните е загубена поради срамниот договор, неисполнетите ветувања, нула реализираните проекти, зголемената цена на водата, покачување на цената на паркингот, неисплатените обештетувања од земјотресите, стопирање на капиталните проекти во инфраструктурата, никакви реформи во образованието, здравството, економијата, културата, туризмот како и во останатите сфери од животот.

Охриѓани знаат да проценат и умеат да забележат колку работи оваа власт предводена од СДСМ и за нив се веќе прочитана книга. Многу брзо ја видоа лажната политика, а на таква политика не може да и се даде доверба па затоа опаѓа нивната поддршка.

Власта го изгуби легитимитетот и единствено што преостанува е да ја почитува волјата на народот. Затоа и добиената поддршка сега дополнително ќе се намалува во Охрид, изјави Пецаков. 

Публицитет.мк 

Посетеност: 97
Share
Previous Post

Во „Прличевата одаја“ утре во 12 часот средба со Вера М. Самарјанин

Next Post

Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” од Охрид беше домаќин на сродни организации од Европа

Next Post
Здружението за мултикултурна интеграција “Инклузија” од Охрид беше домаќин на сродни организации од Европа

Здружението за мултикултурна интеграција "Инклузија" од Охрид беше домаќин на сродни организации од Европа

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 97

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk