Антонио Милошоски, носителот на листата за пратеници во ИЕ 5 денеска во Охрид промовирајќи ја програмата за здравство од изборната програма “Реално“ на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ вети 3 милиони евра нови инвестиции за болниците во Охрид пред се’ во медицински апарати.
Средствата ќе бидат вложени за осовременување на Општа болница, Здравствениот дом, Заводот за кардиоваскуларни заболувања – „Свети Стефан“ и за Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“.
На пресот на оваа тема говореа кандидатите за пратеници од ВМРО ДПМНЕ од Охрид во ИЕ 5 д-р Љубен Аранудов и д-р Сашо Василевски како и градоначалникот на Охрид д-р Никола Бакрачески.
Публицитет.мк