Дека крвта не е вода потврдува и Мирјана, внука на познатиот охриѓанец Наум Бурназ.
Мирјана Бурназ, ќерка на д-р Вања и Петар синот на Наум деновиве дипломира со највисоки оценки соло пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Дваесет и две годишната Мирјана заврши во класата на познатата оперска певица Весна Ѓиновска – Илкова и со едночасовниот концерт и изведбата на дела од Верди, Чајковски, Шуберт и други докажа дека е зреел сопран, изјави за Публицитет.мк
-Што се однесува до дедо и’ Наум тој е горд и воедно e воодушевен од вокалните квалитети и ангажираноста на внуката Мирјана и вели дека таа далеку ќе стигне со пеењето. Нема концерт тој да не е во публиката, ни кажа ќерка му Мелита.
Да потсетиме Наум Бурназ стекна широка популарност со изведбата на македонски староградски и новокомпонирани песни, но тој беше и оперски пејач а кариерата ја започна и со пеење на забавни мелодии.
Мирјана со дедо и баба, со мајка и’ Вања доктор по медицина во сопствена приватна амбуланта и голем вљубеник и поддржувач на класичната музика и татко и’ Петар, земјоделски инженер и тетката и тетинот по дипломскиот концерт
Мирјана Бурназ два дена по дипломирањето во петокот на сцената на МОБ настапи на концерт во чест на проф. Коста Трпков (гала концерт со студентите од Факултетите за музичка уметност – отсек соло пеење). Со оркестарот на МОБ диригираше Иван Еминовиќ.
Таа ја воодушеви публиката во салата со издржаната изведба на многу тешката, но популарна арија на Џилда од операта „Риголето“( погледнете видео).
Во оркестарот чекор два зад неа беше и тетка и’ Мелита свирејќи англиски рог и обоа.
На Мирјана Бурназ во која тече охридска крв ние од Публицитет.мк и посакуваме успешна соло кариера.
Публицитет.мк