Жарко Куциноски, директор на Државниот студентски дом „Никола Карев“ од Охрид денеска во Белград во амбасадата на Република Северна Македонија, заедно со колеги од тамошниот Ученички дом „Милутин Миланковиќ“ имаа средба со Михаела Веселинов, македонска амбасадорка во Србија.
Куциноски и неговиот колега Ненад Миленовиќ ја запознале амбасадорката со формирањето на Здружение на ученички и студентски домови во кое членуваат домови од Југоисточна Европа, просторот на поранешна Југославија, но и од Австрија, Унгарија, Турција…
Основачката конференција ќе се одржи во Белград од 10-12 јануари во 2023 година, а ќе присустуваат и претставници на Министерствата на сите држави, односно домови членки на здружението.
Публицитет.мк