Александар Сања Илиќ роден е во Белград на 27 март 1951г. и освен што беше познат композитор на забавна и етно музика по образование беше архитект.
Како млад бил дел од групите „Враголани” и „Сан”. Неговата песна „Хало, хало” во изведба на групата „Аски” ја претставуваше Југославију на Песмата на Евровизије 1982 година.
Две године подоцна Дадо Топиć и Слаѓана Милошевиќ исто на домашниот избор на Евровизија во Скопје со успех ја пеат неговата „Принцеза“ која е веќе евергрин. Илиќ имаше плодна соработка и со Маја Оџаклиевска за која напиша повеќе песни кои и денес публиката ги пее и слуша.
Сања Илиќ во 1998 година ја формира групата „Балканика“ со која одржа незаборавен концерт и на Античкиот театар во рамките на Охридско лето.
Сања Илиќ во 2017 Охрид ја доби наградата за животно дело на „Охрид фест“ и следната година дојде на охридски фестивал дојде со својата група “Балканика” која тогаш учествуваше на Евровизискиот фестивал во Лисабон со песната “Нови деца” како претставник на Србија.
Публицитет.мк