Синоќа во Галеријата „Богиќ“ во Белград беше отворена изложба на охридската сликарка Слободанка Илијоска. Изложените слики претежно се работени во техниките пастел, масло на платно и темпера.
За изложените дела зборуваше Маја Соле Насковски, сликар и костимограф. Стихови посветени на сликарката говореше нејзината ќерка Ана Илијоска – Богиќ, а во музичкиот дел учествуваа: Вероника Мона Богиќ, Василија Јездиќ, Миодраг Богиќ и Ивана Тодоровиќ.
Слободанка Илијоска беше чест учесник на сликарските колонии “Херој Тоза Драговиќ” во Крагуевац и “Широка стаза” во Белград.
Публицитет.мк