Викендов во СРЦ. Билјанини Извори се одржа меѓународниот кошаркарски турнир АВ ОХРИД 2016 во кој покрај домаќинот АВ Охрид, учество зедоа екипите на Работнички, и МЗТ од Скопје, Црвена Звезда и Партизан од Белград, Игокеа од Александровац и Слобода од Тузла.
Екипата на Игокеа триумфираше на овој турнир совладувајќи ја екипата на Партизан во финалето 82:58. Во малото финале се сретнаа екипите на АВ Охрид – Слобода Тузла 64-68.
1 место: Игокеа
2 место: Партизан
3 место: Слобода Тузла
4 место: АВ Охрид
ЈП Билјанини Извори во соработка со Општина Охрид и КК АВ Охрид, уште еднаш покажа дека го оправдува приматот на најдобар домаќин на големи спортски настани, со високо ниво на организација, каде сите љубители на кошарката имаа можност овој викенд да уживаат во натпреварите во кошарка – категорија јуниори.
За престојниот летен период најавуваме дека ќе бидеме домаќини уште на наколку вакви настани, со кои се надеваме дека ќе приодонесеме за поуспешна летна сезона во Охрид.
Спортскиот туризам е една од главните гранки на туризмот , па затоа во иднина ова претпријатие, во тој поглед ќе се труди да придонесе во развој и промоција на Охрид, на спортски план преку организирање на големи спортски настани, соопштуваат од ЈП „Билјанини Извори“во Охрид.
Публицитет.мк