МПЦ со повеќе свечености преку цела година ја одбележува 5 децениската автокефалност.
Македонска православна црква Охридска архиепископија Дебарско–кичевската епархија Охрид ги известува своите православни верници дека на 17. септември (недела), по повод свечената прослава „50 години автокефалност на МПЦ – ОА и 50 години од формирањето на Дебарско – кичевската епархија“ во манастирот „св.вмч. Георги – Кнежино, Кичево ќе се служи Света архиерејска литургија и осветување на новиот конак, со почеток во 9 часот.
На Светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан заедно со Архиереите на МПЦ-ОА.
Публицитет.мк