Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 18 декември 2015 година (петок), во манастирот „Свети Наум Охридски“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преподобен Нектариј Битолски и свети Сава Освештен“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
На 19 декември 2015 година (сабота), во црквата „Свети Никола“ – Ѓеракомија, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Свети Николај Мирликијски Чудотворец“, со почеток во 8.45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.
Публицитет.мк