• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Во чест на првите 25 – Супер радио гостува на Публицитет.мк

ноември 6, 2017
in На минување

Супер радио денес, 7-ми ноември го прославува 25-тиот роденден. Приказната започна во ноември 1992 година, веднаш по осамостојувањето на Република Македонија. Со неа растеше и се развиваше, со неа ги помина сите детски болести, со неа стигна до 25-тата година од постоењето.

Во моментов програмата се емитува преку најсовремена предавателна техника на фреквенција од 97.00 Mhz на FM скалата од предавателниот пункт кај „Гореничка Чука”, од која зрачат најголемиот дел од локалните и националните медиуми во регионот на Охрид и Струга.

Големо внимание посветуваме и на информативниот дел од нашата програма. До слушателите испорачуваме кратки локални вести во 07:00, 10:00, 12:00, 14:00 и 15:15 часот. Вестите се 100 % од локален карактер и ги третираат само проблемите што ја засегаат заедницата. Вестите може да се проследат и информативните портали на станицата www.ohridpress.com.mk и www.inpress.com.mk.

Супер радио денес е препознатливо, пред се`, по модерниот радио израз, актуелната музика, вкусно избрана за постарата и помладата популација слушатели, но и по информативните содржини, што го прават еден од најцитираните медиуми во Западна Македонија. Според сите анкети на Советот за радиодифузија на РМ (сега АВМУ), Супер радио веќе петта година е убедливо најдобрата, најслушаната и највлијателната локална радио станица во Република Македонија.

– Ако се гледа од перспектива на град како Охрид, нашиот јубилеј е само една капка во неговата големина. Сепак, тој момент кој трае веќе полни 25 години за нас е исклучително важен. Важен е како потврда дека трудот на оние стотина луѓе кои поминале низ радиото не е залуден, дека ние, кои сега ги пишуваме страниците сме ги продолжиле и надградиле нивните напори. Што се однесува до личниот момент, Супер радио за мене е нешто што би го опишал како еден долг пат од љубов до бизнис и повторно назад. Јас влегов во таа приказна онака како што може да влезе млад човек на 20-тина години. Кога беше љубов го сакав најмногу, кога беше бизнис бегав од него најдалеку што можам, за сега да се вратам повторно на љубовта кон оваа работа. Со искуството годиниве наназад, со контактите, со односите со бизнис секторот, со исклучително сериозниот маркетинг „багаж“ кој го носам, можам само да кажам дека кај мене чувството е како да започнуваме сега. Она што го имаме понудено последниов период се врвни аудио и видео проекти и токму натаму Супер радио ќе се развива најмногу во иднина. Супер радио за мене се овие 20-тина млади луѓе кои се сега во радиото, со кои се разбираме со неколку збора или половина поглед. Тие се она вистинското Супер радио и јас им ја оддавам комплетната заслуга. Супер радио никогаш нема да е доволно СУПЕР без Јане, Тони, Жанко, Александра, Реџо, Даниела, Даниел, Јуксел, Ванчо, Радмила и сите други кои се трудат магијата да не згасне, Сашо Митаноски, сопственик на радиото.

Во моментов испорачуваме сопствена програма која ја создава врвна екипа од презентери, Дј-и, новинари, спикери и надворешни соработници кои остваруваат 24 часовна програма која е прилагодена кон идеалната публика и се остварува на најсовремена опрема што резултира со одличен, лесно препознатлив и моќен сигнал кој допира до слушателите.

23336254 10213907880349597 99895450 o

Супер радио веќе подолг врeменски период е препознатливо во регионот и во маркетиншкиот и продукцискиот дел. Покрај сопствените авторски радио емисии, продукција на радио елементи, џинглови, авторски песни и продукција, започнавме и со креирање на видео материјали и видео проекти. Оние кои најсилно одекнаа во јавноста се секако Талент шоуто OhridSUPERSTAR, проектот Досие ОХРИД, потоа Охрид во 10, сите направени оваа година, која е славеничка за нас и во која го славиме роденденот 365 дена. Огромен дел од нашите активности се и промотивните акции кои ги правиме со најголемите локални и државни компании, а во кои имавме многу донации, многу вредни награди, внесовме многу ведрина и насмевки онаму каде што ги немаше или беа подзаборавени…

Среќен роденден и честит јубилеј, колеги! 

Публицитет.мк 

Посетеност: 97
Share
Previous Post

Феминизам, не е лош збор

Next Post

Да беше во етерот – Радио Охрид ќе славеше 6 децении од постоењето

Next Post

Да беше во етерот - Радио Охрид ќе славеше 6 децении од постоењето

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 97

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk