Утре – четврток од 17.00 часот во Центар за култура “Григор Прличев” – Охрид, ќе се одржи Фолклорна смотра во организација на СОФАМ, на западен регион.
Покрај учесниците од повеќе градови,членови на СОФАМ, ќе биде присутен уметничкиот совет, како и претседателката проф. Мирјана Мирчевска. Пред концертот ќе има дефиле низ охридската чаршија и положување на цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски.
Публицитет.мк