• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Во четврток промоција на стрип албумот „Витези од соседството“

февруари 18, 2017
in На минување

Разговорот на минување во „Аквариус“ со Јордан Коцевски од Охрид  има свој повод.

Во четврток на 23 февруари од 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи првата од трите промоции во серија на стрип албумот „Витези од соседството“ од авторскиот тим  Јордан Коцевски и Дарко Богданов во издание на издавачката куќа „ Стрип Квадрат“

Јордан е автор на сценариото а Дарко, кои заеднички соработуваат подолго време и имаат и наградени дела е тој што го црта  напишаното.

Со Јордан Коцевски разговара Милчо Јованоски – со клик на линкот слушнете го интервјуто во целост 

  

-Графичката новела  „Витези од соседството“ опфаќа урбани приказни обработени во ноар стил, во кои јунаците не се супер херои, туку обични луѓе „од соседството“ на кои им се случуваат необични ситуации кои би можеле на секого да му се случат. Како тие ќе се справат со нив, и дали ќе испаднат херои, ќе дознаете на 48-те страници од овој стрип албум, вели за Публицитет.мк Јордан Коцески.

akva copy

Со Јордан сосема лежерно разговаравме за неговиот пат во светот на пишувањето од првиот роман „Време за живеење“ објавен пред 17 години, за тоа како започна да пишува, како ги создава расказите и популарните облачиња на стриповите, за времето минато во детската редакција на Радио Охрид, магистрирањето и одбранетиот докторат на тема сврзана со етно – храната.

ok

 

Оставивме простор и за семејството, веселото друштво – првоодделенецот и бебето од само една година, сопругата и помислата да оцениме сами кому му е потешко во овие слатки маки, нему или нејзе. Бевме и многу сериозни кога говоревме за состојбите со стрип културата во Македонија, тешкотиите да се објави создаденото, ама и за желбите и плановите кои упорниот Јордан без сомнение ќе ги оствари.

del

Повеќе слушнете во аудиото,а од нас само потсетувањето дека промотивниот караван на „Витезите“ започнува во четврток во Охрид, продолжува во Виница во петок, и на крај завршува во сабота во Скопје, во Кафе Ли. Повелете на дружба со издавачката куќа Стрип Квадрат, како и со авторите кои ќе бидат цело време присутни и ќе пишуваат (а богами и цртаат) посвети.

Публицитет.мк

Посетеност: 76
Share
Previous Post

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ- Охрид и натаму продлжува со трагикомични изјави и соопштенија

Next Post

Ви ја претставуваме книгата „Перспектива на спокојот“ од Мајк Марковски

Next Post

Ви ја претставуваме книгата „Перспектива на спокојот“ од Мајк Марковски

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 76

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk