Во среда 20 април во 19 часот, во просториите на Друштвото на писатели на Македонија, ќе се одржи промоција на двојазичната стихозбирка „На каучот на Зигмунд Фројд“ (изворно напишана на македонски и на хрватски јазик) од Јулијана Младеновска-Тешија.
Таа дипломирала филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а од 2005 година живее и работи во Осиек, Р. Хрватска, како професорка на Високата теолошко-евангелистичка школа.
За книгата ќе зборуваат: Весна Ацевска (поетеса), Ана Димишковска (филозоф), Тони Димков (новинар) и Љерка Тот-Наумова (поетеса).
Публицитет.мк