• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, август 27, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во светот на уметноста

Во Галерија „Робевци“ ќе биде отворена изложбата Антологија II (македонско сликарство1950-1965)

август 8, 2018
in Во светот на уметноста
Во Галерија  „Робевци“ ќе биде отворена изложбата Антологија II (македонско сликарство1950-1965)

На 10 август во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Антологија II (македонско сликарство1950-1965)“ , избор на дела од збирката на Современа уметност при Н.У.Завод и Музеј-Охрид. На изложбата ќе бидат преставени дела на Петар Мазев, Драгутин Аврамовски-Гуте, Борко Лазески, Иван Велков, Спасе Куноски, Томо Шијак, Димитар Кондовски, Миле Корубин, Љубодраг Маринковиќ-Пенкин, Борислав Трајковски, Ванчо Георгиев, Јован Димоски , Трајче Николовски и Јосиф Трајковски. Изложбата ќе трае до 4-ти октомври .

Новиот ликовен подем кој ќе настане после 1950 година ќе го измени текот на поствоената реформа која ги подготвува уметниците за големите ‘’социјалистички мисии’’. Динамичното темпо на светската ликовна уметност, општествените процеси во Југославија (говорот на Мирослав Крлежа на конгресот на писателите на Југославија во Љубљана 1952) ќе допринесат за раскинувањето со ‘’исклучителната доктрина’’ на соцреализмот и укажувањето на Советската уметност во целина. Новата генерација на автори со изразена творечка индивидуалност ќе ги пренесат усвоените академски поуки (здобиени на академиите во Белград, Загреб, Љубљана) на експресионизмот, конструктивизмот, кубизмот и магичниот реализам.  Полемичкиот предизвик на Лазески ‘’за или против нефигуративната уметност’’ ќе ослободи простор за прифаќање на нови струења и егзистенција на современи правци кои ќе осцилицираат помеѓу објективната и формалната содржина. Борбата за творечка индивидуалност и за ликовно-естетска автохтоност не го дуплира академското искуство туку го проширува со нови инспиративни медиуми поврзани со македонското пластично наследство, традицијата, фолклорот и средновековната уметност.

Тематското проширување е проследено со промена на изразната конфигурација следена од пораките на светските модерни ликовни остварувања. Најнапред преку неоимпресионистичкото ликовно-естетско решение кај делото ‘’Зима’’ на Борко Лазески, потоа преку сублимираните ликовни решенија со превземање на елементи од фовизмот и експресионизмот кај делата на Борислав Трајковски, Трајче Николовски, Јосиф Трајковски, Јован Димовски, Ванчо Георѓиев.

Парцијално водено од естетиката на имитацијата, македонското сликарство особено после 1956-та година се карактеризира со едно инсистирање кон дводимензионалната презентација, стилизација и упростување на ликовните форми, колористична звучност и нагласени контури. Карактеристичното синтетичко обликување упростување и геометризација на сликарските маси кај делата на Миле Корубин, го наведува афинитетот кон А.Матис, за разлика од прочистената геометриска декоративност во делата на Иван Велков и осцилацијата помеѓу посткубистичкиот манир и апстракцијата, односно истакнатиот однос и осовременетата организација на наследената средновековна уметност во Македонија преку стилизирани апстрактни геометриски форми кај делaта на Димитар Кондовски.

Карактеристичниот конструктивен кубизам и извесните бифеовско расположени линии поставени врз колористички поизедначени придушени темнозелени и темносини тонови постигнуваат една психолошка драматичност и морбидност кај делата на Шијак, доведувајќи го делото на работ помеѓу апстрактното и фигуративното. Оваа фаза на Шијак кој е дел од македонските сликари со најмногу стилски варирања е карактеристична за творечкиот период после 1956-та година. Интимната атмосфера во делото ‘’Мајка’’ на Драган Аврамоски –Гуте, уметник со подеднаков интерес кон графиката и сликарството, ги пренесува истакнатиот интерес за експресионистичката деформација и кубистичкото стерилизање на формите.

Новите продори и истражувања ќе донесат проширување и промена во ликовната проблематика кај македонската модерна уметност. Иако со мало задоцнување по светските ликовни процеси кај некои од уметниците ќе се роди наклонетоста кон магичниот надреализам (делата на Спасе Куноски), наклонетоста кон една морбидна атмосфера, сугестивно колористично решение со смела деформација на формите кај делата на Ванчо Ѓеоргиев, надреалистичката атмосфера преку стилизацијата на формите во делата на Љубодраг Маринковиќ-Пенкин, искуството од енформелот во делото ‘’Тотем’’ на Иван Велков па се до првото нефигуративно дело во македонското сликарство’’ Црвен град’’  на Петар Мазев.

Хармониската еволуција на македонското сликарство од импресионизмот, преку формалните и објективни ликовни содржини па се до нефигуративното во шестата деценија од дваесеттиот век ќе го издигне македонското сликарство, ќе отвори пат за пробивање на извесни понатамошни варијанти на европската и на американската апстрактна уметност и ќе го подготви тлото за творечко созревање на македонската ликовна уметност воопшто.

Публицитет.мк 

Посетеност: 59
Share
Previous Post

Почна “Научната и уметничка визита – Охрид 2018”

Next Post

Блаже Минески е авторот на наградениот расказ на конкурсот „Живко Чинго“

Next Post
Блаже Минески е авторот на наградениот расказ на конкурсот „Живко Чинго“

Блаже Минески е авторот на наградениот расказ на конкурсот „Живко Чинго“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 59

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk