
Денес во историското село Издеглавје, во слободоносна Дебрца, Македонската православна Црква-Охридска Архиепископија го одбележа јубилејот-75 години од оддржувањето на Првиот свештенички собор ( присуствувале 11 свештенослужители ) , на ден 21.10.1943 година, кој претставува основа за возобновувањето на Охридската Архиепископија, во ликот на Македонската Православна Црква.
Притоа, било формирано првото архијерејско намесништво на ослободената територија, а за прв намесник бил избран свештеникот Антим Попоски.
На денешниот настан во црквата Св. Никола присуствуваа членовите на Светиот Синод на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, на чело со Поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, Неговото Блаженство г. г. Стефан, Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, голем број на свештенослужители на МПЦ и месното население.

На настанот се отслужи парастос, односно молитвена средба, во чест на 11-те свештенослужители, учесници на Првиот свештенички собор.
На овој значаен настан од револуционерното минато на Дебрца присуствуваше и градоначалникот на општината Зоран Ногачески.

Публицитет.мк







