• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, јуни 28, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Во кафе барот „Шила“ промовирана стихозбирката „Слики од бунарот“ од Марина Икономова – Шокева

декември 3, 2017
in Во потрага по трајната убавина
Во прекрасна и опуштена атмосфера синоќа беше промовирана првата стихозбирка на Марина Икономова – Шокева од Охрид.
Шокева е професорка по англиски јазик во ОУ „Св. Климент Охридски“ и вљубеник во пишувањето од нејзините средношколски денови. Нејзини творби се сведок на едно време уште од познатиот гимназиски поетско – прозен  алманах „Јужен бран“.
 
capture 20171203 134339
 
Воведно обраќање имаше рецензентот Тоде Илиевски а за поетскиот израз на Икономова – Шокева зборуваше и нивниот колега Смиле Наумоски – Брсјак. Невообичаено за охридските промоции синоќа во кафе- бар „Шила“ а интересно избор песни од стихозбирката читаа колешки и пријателки на авторката: Никица Мишева, Валентина Кузманоска, Виолета Коцаре и секако самата авторка, која докажа дека тој што ги нашишал стиховите и најдобро ги чувствува.
 
capture 20171203 134434

 

Рецензентот – поетот и писател Тоде Илиевски во неговата рецензија за првенчето на Марина напишал: -Дебитантската збирка „Слики од бунарот“ од Mарина Шокeва, понудена за објавување кај издавачката куќа „Ѓурѓа“- Скопје, очигледно е дека донесува поезија која е далеку од почетништво на првите објави, односно дека стиховите минале низ процесот на зреење и преиспитување. Потврда за тоа се стиховите што со гордост би биле потпишани и од поискусни, потврдени автори, како на пример :

Чувствуваш ли колкку сум присутна

Таму каде што воопшто ме нема

                                         ( Таму)

Меѓу она што е забележливо се вбројува и изворноста на поетесата, што значи обид за оформување и одбележување на сопствен поетски ракопис и простор.

Поетесата нема проблем со јазичниот материјал,што не значи дека нејзината потрага по нови композициски решенија е завршена,вели рецензентот Илиевски.

 

24232093 472234783174032 2578758448545174135 n

 

 Публицитет.мк по избор на поетесата објавува неколкку нејзини песни дел од стихозбирката „Слики од бунарот“

МАГЛА

Повторно се спушта магла.

Се згуснува.

од лесен тантелест превез

се претвора во тешка завеса.

Полека, но заканувачки,

како згниени буриња

низ падина,

темни, есенски денови

кон мене се тркалаат.

Маглата повторно се спушта

и веќе не гледам јасно

бурињата стануваат

тешки  воденички камења.

Стравот боде со игли

по темето,

се спушта низ  `рбетот,

парализира.

И немо се молам

моите гаврани

овојпат посилно да загракаат,

најсилно со  прстестите крилја

да  замафтаат,

и во целата вознемиреност таа

фустанот белузлав да го дигне,

босонога угоре да се зададе,

и да исчезне.

 

КОЦКА   

Кога си спремен душата да си ја продадеш

за благ ветрец што нежно те разгалува

и  како лира те растреперува,

кога си спремен душата да си ја предадеш,

за рик од елен низ ветрот

што  те повикува на љубов,

па ѝ го поместуваш тлото,

и ја тркалаш надолу

во бунар без дно,

кога си спремен себе да се разнебитиш 

до „ сакам да ме нема“,

освен врамен во нечии раце,

во некоја, со прегратка осмислена слика,

тогаш храброста со достоинството се коцка

и некоја темна радост те огрева

па  во одразот во својот негатив

се гледаш  составен

некако наопаку,

 а сепак најмногу цел.

 

МЕНУВАЊА

Оној цврст камен

врз кој најпосле се потпрев за одмор,

а претходно уморена го ѕидав,

за кој се врзав ко чамец сред езеро,

за мирно и сигурна да се лулам,

се здроби во песок

растрчан по лизгави плочки.

Тешко се дофаќа, бега,

 менува облици

што се  лизгаат како риба низ водени раце.

Ги ловам разните состојби

кои сакам да ги запознам

и одново по свое  да ги изѕидам.

Ги напипувам, ги проучувам

И секој пат срцето без грешка

почетниот  облик го препознава,

го прифаќа и храбро го љуби.

 

ТАМУ

Со мислите

поминувам по облиците,

ги претпоставувам,

ги вообличувам

сите опкружувања, бои,

места, агли, закривувања.

Чувствуваш ли колку сум присутна

таму каде што воопшто ме нема?

Друго место.

Невкусено низ доживувања,

невтемелено  со  искуство.

На  кој ли начин духот

да се вткае засекогаш ,

да се отелотври,

тврдоглаво да се изѕида ,

да разграни корен во таа почва,

да застане цврсто, живо,

па моето присуство

и во твоето око,

и во твојата рака

непоколебливо и целосно  да биде.

Публицитет.мк

Посетеност: 75
Share
Previous Post

ПОПГМ за Охрид и Дебрца: Што се случува со изградбата на Домот за стари лица во Охрид?

Next Post

Настојувај секогаш да му угодиш на пријателот, така и пријателството ќе биде потрајно

Next Post

Настојувај секогаш да му угодиш на пријателот, така и пријателството ќе биде потрајно

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 75

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk