На 27 септемри во Националната галерија „А. Кастеев“ во Алмати, Казахстан беше отворена самостојна изложба на слико од Мајкл Клос, уметник од Канада,со македонски корени.
Изложбата, Мајкл и неговата сопруга Менка, историчар на ументост ја реализираа во соработка со кустосот, историчар на уметност Катерина Резникова и Галина Сиплибаева. Проектот: ” Сликарството на патот на хуманоста ” тие го започнаа во 2010 година во Охрид, по повод 100 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, и се’ уште трае , неговата главна цел е преку сликарството да се поврзуваат луѓето и културите во светот.
-Излозбата во Казахстан ќе биди отворена до 24 октомври. На неа се изложени повеке од 100 уметнички дела работени во различна техника и материјал: акрилик на хартија и платно. Стилот е карактеристичен за сликарот Мајкл Клос и содржи ликови со различни експресии, димензиите исто така се различни.
За жал многу од поголемите платна кои беа наменети за изложбата не успеаа да стигнат во Музејот поради технички причини.
Но благодарение на добрата волја , посветеност и упорност на директорот на Музејот и Катерина Резникова излозбата сепак се реализира и предизвика голем интерес.
За жал и ние не успеавме да присуствуваме на отворањето , но бевме почестени да имаме изложба во една од најголемите земји на азискиот континент , многу богата со културно наследство.
Можеби ќе успееме да присуствуваме на затворањето на излозбата . Голема благодарност до Катерина Резникова и директорот на Музејот и до сите членови за нивниот напор оваа изложба сепак да се реализира, вели за Публицитет.мк Менка Клос, сопруга и менаџер на уметникот Мајкл Клос.
Публицитет.мк