„Научната и уметничка визита” во организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) продолжува на јазична тема.
Лингвистичката работилница се одржува денеска и утре и e посветена на концепцијата за изработка на дескриптивна и историска граматика на македонскиот јазик.а во нејзини рамки ќе има и предавање на професор д-р Јан Соколовски од Полска – член на МАНУ надвор од работниот состав.
Традиционално МАНУ „Научната и уметничка визита“ ја одржува во јули и август во Охрид.
Публицитет.мк