• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 16, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Во Куратица „Коприва – мала гастрономска школа“

јуни 1, 2018
in Омнубус
Во Куратица „Коприва – мала гастрономска школа“

Организацијата за рурален туризам, екологија и традиција – О.Р.Т.Е.Т од село Куратица, започна со реализација на проектот “Коприва – Мала гастрономска школа”. Главен настан во склоп на проектните активности ќе биде дводневната манифестација на подготовка и понуда на храна и пијалоци подготвени на база на употреба на копривата. Манифестацијатаќе се одржи во сабота и недела (2 – 3 Јуни), 2018 година во Куратица во организација на здружението ОРТЕТ.

Проектот е финансиски поддржан од SWG, The Regional Rural Development Standing Working Group in the South-Eastern Europe , како и од Општина Охрид а партнер во проектот е граѓанската организација за христијанска помош (CHW) од Поградец Република Албанија.

Целта на проектот е преку манифестација на Малата гастрономска школа од руралната традиционална кујна да придонесе за промоција на традиционалните кулинарски вештини преку подготовка и промоција на рецепти од или со коприва со што едновремено ќе се промовира и локалната подстратегија за рурален развој и локалната стратегија за развој. 
Во процесот на постојана и континуирана потреба од развој и промоција на туристичката понуда во Општина Охрид како туристичка дестинација, давателите на услуги во алтернативниот туризам, (пред се во сегментот на селскиот туризам) мора да осмислуваат нови и креативни програми и манифестации за збогатување на постоечката понуда и промоција на истата.

01 06 2018 KOPRIVA 1

Гастрономскиот сегмент е можеби најважниот дел од понудата во руралниот туризам кој на селските домаќинства им овозможува дополнителни приходи и подобра материјална и социјална состојба. Голем дел од странските гости кои престојуваат во Охрид ја користат можноста да ги посетат околните рурални населби и да уживаат во кулинарските вештини на локалните жители.

Следната посебност на која се темели гастрономската понуда во руралниот туризам е употребата на органските и природни прехрамбени состојки во подготовката на локалната храна. Копривата претставува една од најздравите и највеличествени природни билки кои нашите предци ги користеле за приготвување на најразлични напитоци и прехрамбени рецепти.

Извор: www.ohrid.gov.mk 

 

Посетеност: 86
Share
Previous Post

Во недела „Охрид трчаТ 2018 “

Next Post

Општина Охрид распиша оглас за издавање под краткотраен закуп на пет плажи

Next Post
Општина Охрид  распиша оглас за издавање под краткотраен закуп на пет плажи

Општина Охрид распиша оглас за издавање под краткотраен закуп на пет плажи

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 86

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk