• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, јули 8, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home На минување

Во Македонија се слави Св Илија – фото галерија од с. Косел

август 2, 2015
in На минување

Според верскиот календар на Македонската православна црква денеска верниците го одбележаа денот на Свети пророк Илија – Илинден.

Св. Илија (Громовникот) е еден од култните свеци кај православните Mакедонци, бидејки православната црква го има поистоветено со Перун Громовникот, од словенската митологија, кога вршела покрстување на Словените. Култот кон Перун бил широко развиен кај македонските Словени, па така тие го замениле своето омилено божество со христијанскиот светец. Овој култ кон Перун/Илија, и денес е присутен кај македонците.

sv ilija
Св. Илија бил боговидец, чудотворец, ревнител за Божјата вера. Бил родум од племето Ароново, од градот Тесвит и затоа е наречен Тесвитјанин. Кога се родил Илија, неговиот татко Савах видел ангели Божји околу детето како го повиваат во оган и му даваат да јаде пламен. Тоа било предзнак за неговиот пламенен карактер и за богодаруваната огнена сила во него. Целата своја младост ја минал во богомислие и во молитва, повлекувајќи се често во пустината за во тишина да размислува и да се моли. Се смета дека пред крајот на светот, Илија повторно ќе се јави за да ја сотре силата на Антихристот.

Низ Македонија има многу цркви и манстири кои го чуваат култот на Св. Пророк Илија. Денот свечено се одбележуваше насекаде низ земјата.

Фотографиите кои ги објавуваме се направени денеска околу 14 часот во црквата Свети Илија во селото Косел.

panorama

Според податоците до кои дојде „Публицитет.мк“   камен-темелникот на црквата е осветен и поставен на 14 мај 1989 година, а осветена е на 1 августI 2000 година од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Фрескоживописот е дело на уметникот Тони Милцов од Охрид.

 

Во Ксел и уште неколку места низ Општина Охрид а и во цела Македонија, Св. Илија е селска слава, а сите кои го носат името Илија вечерва даваат именден. 

„Публицитет.мк“

Посетеност: 147
Share
Previous Post

Јапонците ќе прават супер виски во вселената

Next Post

Ема Кушевска од циклусот „Поздрав на сонцето“ – „Изгрејсонце“

Next Post

Ема Кушевска од циклусот „Поздрав на сонцето“ - „Изгрејсонце“

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 147

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk