Горан Папаз гостин во најновото издание на аудио серијалот на Публицитет.мк МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ.
Тој е најмладиот соговорник досега во овој формат вели авторот и водител Милчо Јованоски.
– Горан е светско а наше. Со она што досега го има постигното на прагот од третата деценија е веќе на листата на успешните кои потекнуваат од Охрид и се наша гордост и заслужуваат медиумска поддршка, вели Јованоски.
Горан Папаз во едно опуштено издание.
Сепак, секој трет збор е сврзан со неговата безмерна љубов кон музиката, инструментот саксофон, експериментирањето во музиката, детството, младоста , професорите…
Зборувавме за популарноста, љубовта, девојките, соништата, очекувањата, но и за убавиот период во кој сега твори и живее, како и за неговата задача да биде одличен професор по музика во Основното во неговото Пештани, како и во Средното угостителско во Охрид.
Горан Папаз, роден е во Охрид во 1987г. Тој е активен соло саксофонист и поранешен член на групата Суперхикс. Папаз до сега настапувал низ Велика Британија, Германија, Италија, Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Албанија, Хрватска, Австрија, Словенија, Романија, Чешка…
Папаз постојано менува и експериментира во мигов на охридските подиуми настапува заедно со Емилија Маринова и Филип Стојкоски – Зизи, но често е и со останатите музичари кои заеднички си даваат сила и се поддржуваат.
И толку,останатото утре во часот минат со Горан Папаз на Публицитет.мк по 23 часот.
Публицитет.мк