Луѓето кои редовно посетуваат музеи, уживајќи во уметноста и нивните сознанија, различни истражувања и студии покажуваат дека се повеќе среќни и помалку осамени од оние кои до сега никогаш не биле на такво место.
Норвешкиот Универзитет за наука и технологија спроведе студија за уживањето во културата и уметноста која докажува дека може да се намали ризикот од стрес и депресија и во истото истражување, откриено е дека мажите имаат повеќе корист од одење во музеј отколку жените.
Јан Пакер има напишано свој труд поврзан со оваа тема и тој вли дека музеите го намалуваат стресот и самиот амбиент навестува опуштање на луѓето кое навистина делува во позитивна смисла. После посета на музеј човекот е како друга личност, опуштена, насмеана и исполнета. Ова истражување им помага на музејските научници подобро да ги разберат потребите и очекувањата на своите посетители и да напават нешто подобро. Лондоснкото економско училишто исто прави истражување и дојде до заклучок дека самите музеи имаат ист ефект на личната благосостојба како и зголемувањето на платата на еден вработен. Кога одењето во музеј би се вреднувало во долари, еквивалентот на тоа „добро чувство“ би било годишно зголемување од 5,3 илјади долари, објаснуваат истражувачите.
Друго значајно за напомена е и дека музеите имаат исто чуство и ефект како во учество во спортски активности. Како најголема пречка за слабо посетување на музеите е тоа што родителите не ги носеле своите деца кога биле мали, а исто така на многумина е проблем и немањето слободно време за опуштање.
Инаку, Музеите се добри и за економијата бидејќи истите се доста привлечни за тусирстите, бидејќи каде и да се оди во која било држава ако има музеј се посетува без размислување. Според Американската асоцијација на музеи, музеите секоја година придонесуваат кон економијата со 21 милијарда долари. Иако во нашата република се отворија доста музеи, дали ги имате посетено, ако не сте отидете и опуштете се, оствете го стресот на страна и уживајте.
Извор: www.pozitiv.mk