Г.Тимотеј ќе ја служи литургијата.
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 17 јули (недела), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св.Андреј Критски, преп. Андреј Рубљов, преп. Марта“, со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
Публицитет.мк