Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 10. јуни (недела), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Каменско – Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „св. Варлаам Архиепископ Охридски.
Со литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.
По завршувањето на литургијата ќе се освети новиот конак и црковната продавница „Кандило“, кај црквата „св. Богородица Перивлепта“.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко молитвено прославување.
Публицитет.мк