Во недела на 29 ноември во Центарот за култура „Григор Прличв“ во Охрид, ВМРО- ДПМНЕ ќе одржи граѓанска трибина.
Од партијата ги повикуваат сите граѓани на Охрид да земат учество на случувањето и со свои предлози и сугестии директно да учествуваат во изработка на идната програма на ВМРО- ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори, во април 2016 година.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ најавуваат дека на трибината ќе присуствува тим од ВМРО – ДПМНЕ и од Владата на Република Македонија.
Почетокот на настанот е закажан за 20:00 часот.
Публицитет.мк