Ќе се одржи и парастос по повод 4 децении од смртта на митрополитот г. Методиј
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 28 фебруари 2016 година (недела), во црквата „Света Богородица – Каменско“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, со почеток во 8.45 часот, со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
По завршувањето на светата литургија ќе биде отслужен парастос по повод 40 годишнината од упокојувањето на Дебарско-кичевскиот митрополит г. Методиј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
Публицитет.мк