По минатогодишната успешна турнеја низ Македонија уметниците Благица Поп Томова и Милица Шкариќ во неделата имаа успешен настап и во Њујорк.
Благица Поп Томова дипломирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Првенка е во Македонската опера и балет и има настапувано во бројни позитивно оценети главни улоги. Доцент е на Музичката академија во Штип.
Милица Шкариќ завршила студии по пијано во Париз и во Хамбург. Добитник е на голем број домашни и меѓународни награди. Професор е по пијано на Музичката академија во Штип.
Во рамките на концерот тие изведоа песни за сопран и пијано од П И Чајковски, Сергеј Рахмањинов, оперски арии од Белини, Пучини, Гуно и дела од македонските композитори Т. Зографски,Т. Прокопиев и младиот Гоце Гаврилоски.
д-р Гоце Гавриловски композитор и професор на Музичката академија во Штип
Концертот беше во организација на Министерството за култура на РМ , Македонскиот културен центар во Њујорк и Grace notes concert series во Белфорт.
Еве го и видеото од изведбата на композицијата „Круг“од Гоце Гавриловски.
Публицитет.мк