• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
среда, октомври 21, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Во Охрид е во тек меѓународната конференција „Тајни на словенската писменост“

мај 24, 2016
in Тикер

Под името „Тајни на словенската писменост“, во Охрид, од вчера  до 27ми мај  ќе се одржува Сесловенска меѓународна научна коференција на славјанската писменост, во организација на Сеславјански Комитет, а во соработка со Меѓународниот Славјански Универзитет “Гаврило Романович Державин”, Свети Николе.

Покровител на Сесловенската меѓународна конференција 2016 е Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов. Посветена на денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, 24 мај, а во чест на одбележување на 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, еден од основоположниците на словенската писменост, Сесловенскиот Комитет за прв пат одржува меѓународна конференција во Македонија, во Охрид – градот светилиште на словенската писменост и духовност.

На конференцијата, како предавачи ќе земат учество професори по славистика и Богословија од Русија, Украина, Полска, Чешка, Словачка, Бугарија и Македонија – како земја домаќин. Покрај главната тема која е носител на името на оваа мегународната конференција – Тајни на словенската писменост, во рамките на конференцијата ќе се одржи седница на Сесловенскиот Комитет. Сесловенскиот Комитет е меѓународна невладина организација, член на Сесловенскиот Сојуз – светско движење на славјанските народи за духовно единство и взаемност. Основана е во 2011та година со седиште во Република Чешка.

Претседател на Сесловенскиот Комитет е проф. д-р. Зденек Опатрил, кој е воедно и заменик-претседател на Сеславјанската асоцијација и почесен претседател на Чешко-моравската словенската унија. “За нас е од исклучително значење што оваа конференција ќе ја одржиме во светата земја на словенската писменост и духовност”, рече на пристигнувањето во Охрид престедателот на Сесловенскиот Комитет, д-р Зденек Опатрил, додавајќи: “Морам да споделам дека со посебна чест и возбуда стапнуваме на оваа земја на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј и Свети Климент.

Како славјански народи имаме обврска кон нив и кон идните генерации да ги чуваме и негуваме спецификите и богатствата на славјанската култура, а тука е пред се писменоста и духовноста. Овие денови не чека многу работа и сите се радуваме на сознанијата што ќе ги споделиме, а кои од научните кругови ќе ги збогатат и сознанијата на јавноста“.

Извор: www.emagazin.mk 

Посетеност: 122
Share
Previous Post

Некои птици се умни како мајмуните

Next Post

Градоначаникот Бакрачески упати честитика во чест на Денот на македонските и сесловенските просветители

Next Post

Градоначаникот Бакрачески упати честитика во чест на Денот на македонските и сесловенските просветители

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 122

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk