Во Охрид се формира првото здружение за заштита на правата на трговците. На иницијатива на педесетина дуканџии од градот, од месец мај започна со работа здружението под името „Чаршиски еснаф“.
Целта, како невладино и непартиско здружение во кое се очекува да се вклучат сите трговци од Охрид, е да ги штити и застапува правата на трговците.
-„ Ја увидовме потребата за создавање на вакво друштво кое што ќе ги штити правата на сите трговци, како и навремено детектирање на сите проблеми со кои се соочуваме во текот на нашето работење. Имавме проблеми од различен тип, но немаше кој да не застапува затоа што треба некој официјално да застане зад тоа“, изјави Маја Бакалова претседател на здруженето „Чаршиски еснаф“.
„Чаршиски еснаф“ на 19 јуни во општинската сала во Охрид ќе одржи состанок со сите трговци и ќе предложи понатаошни планови и цели.
– „Сите кои се пронаоѓаат ги повикуваме да дојдат на 19 јуни (вторник) во 19 часот , во големата сала на општина Охрид каде што ќе ги презентираме нашите понатамошни планови и цели. Очекуваме сите трговци од градот рамноправно да се вклучат во донесувањето ан одлуки на нашето здружение“, додава Бакалова.
Во работата на здружението „Чаршиски еснаф“ учество може да земат сите дуќанџии кои се занимаваат со трговија на текстил, обувки, козметика, накит и слично.