Здружение ТАКТУС во соработка со Интернационалниот младински оркестар од Германија Black Forrest Youth Wind Band најавува серија концерти во Охрид и Струга.
The Black Forest Youth Wind Band од Шварцвалд (Verbandsjugendorchester Hochrhein) е основан во 1986 година и се состои од 65 музичари на возраст од 14-25 години (просек 20). Тоа се членови од околу 120 заеднички групи на Здружението на бендовите на Верхен Рај, кое го опфаќа округот Валдссут-Тиенен во јужна Германија.
Диригентот Џулијан Гибонс ја води оваа група од 1996 година. Симфонискиот бенд им нуди можност на младите музичари од регионот да направат музика со многу висок стандард. Репертоарот се движи од симфониска литература до современа музика, филмска музика, како и џез аранжмани. Овај бенд од Горна Рајна редовно учествува и победува на натпревари од вакви бендови, како на регионално, така и на пошироко ниво. Во нивната програмата се годишните концерти на есен и бројните концертни турнеи кои бендот веќе ги има преземено. Бендот изведува концерти и фестивали во Англија (1997), Шведска (1999), Португалија (2001), Белорусија (2003), Велс / Англија (2005), Канада / САД (2007), Норвешка (2009), Ирска / Англија (2012), Малта (2014) и Исланд (2016 година).
Првиот концерт во Охрид ќе се одржи утре, Т.Ц. Амам и Жито Леб, со почеток во 20:00 часот. Следниот концерт е во Културниот центар „Браќа Миладиновци“ Струга на 19 август со почеток во 21 часот, а последниот ќе се одржи во предворјето на црквата Св.Софија во Охрид на 20 август со почеток во 21 часот.
Публицитет.мк