Во организација на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј –Охрид ќе биде отворена изложба на тема „ Македонија низ очите , перото и четката на Едвард Лир (17-24 септември 1848)” .
Изложбата на репродукции на цртежи и слики на Лир од неговото пропатување низ нашата земја и неколкудневниот престој во Битола и Охрид, ќе биде отворена во Куќата на Робевци, во петок, 24 септември во 19:00 часот.
Автор е Милчо Георгиевски, историчар на уметност, советник виш-кустос во НУ Завод и Музеј Охрид. Со овој проект Георгиевски да ја заокружа неговата речиси 36-годишна музејска активност.Работата на Едвард Лир, тој ја истражува и проучува повеќе од една деценија, особено времето на престојот на Лир нашите простори.
Извор:Завод и Музеј -Охрид