• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 10, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Во Охрид ќе се одбележи Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина

мај 7, 2019
in Актуелно
Во Охрид ќе се одбележи Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина

На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест  8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која  се одвива под мотото „Што ви се допаѓа во Црвениот крст и Црвената полумесечина” #ЉУБОВ.

Во тие рамки ќе бидат организирани низа активности.На 8 мај  во 10 часот ќе биде положено свежо цвеќе на бистата од Анри Динан пред седиштето на Црвен крст Охрид.  Половина час потоа ќе започне Отворен ИНФО ДЕН – прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст.

На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид од 10 до 14 часот ќе се одржи крводарителска акција.

Во рамките на Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, од 8-ми до 15-ти мај ќе се спроведат и работилници за дисеминација-ширењето на знаењата за Црвениот крст со  волонтерите на Црвен крст Охрид.

Публицитет.мк

Посетеност: 58
Share
Previous Post

Промовирана „Збунки“ од Ана Цветаноска

Next Post

Стружани ќе се поклонат пред светите мошти на Свети Георгиј

Next Post
Стружани ќе се поклонат пред светите мошти на Свети Георгиј

Стружани ќе се поклонат пред светите мошти на Свети Георгиј

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 58

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk