Амбасадата на Сојузма Република Германија и Центарот за култура “Григор Прличев” – Охрид, го организираат “Дванаесеттиот фестивал на новиот германски филм”.
Отворањето е на 15 октомври во 20.00 часот со трагикомедијата “Мед во главата” oд Тил Швајгер.
Публиката во Охрид до 18 октомври ќе може да ги види и филмовите: „За една девојка“ (комедија драма), „Државата против Фриц Бауер“(историја-драма), детскиот филм „Куќата на крокодилите“, „Хердер-помеѓу два света“, „Тура на животот“ (трагикомедија).
Публицитет.мк