Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 14-21 септември 2021 година ја одбележа Неделата на борба против туберкулоза.
Црвен Крст Охрид организира едукација со младите кај кои е најважно да се информирани и свесни од мала возраст.
Според светските статистики, над 4000 луѓе секојдневно умираат од туберкулоза.
Близу 30 000 луѓе се разболуваат од туберколоза.
Едукатор за подигнување на јавната свест за важноста на здравјето и влијанието на туберкулозата беше д-р Кристина Стојаноска Алоска од Стоматолошката ординација „Етадент“ а предавањето под мотото „Време е за свет без туберкулоза“ го проследија 20 волонтери.
Публицитет.мк