• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, август 26, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Во потрага по трајната убавина

Во Охрид промовиран романот „Децата на Амон“ од Робертина Ал – Ашури

јуни 25, 2022
in Во потрага по трајната убавина
Во Охрид промовиран романот „Децата на Амон“ од Робертина Ал – Ашури

Синоќа во центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид беше промовиран романот „Децата на Амон“ од Робертина Ал Ашури, во издание на ПНВ Публикации. Промотори беа: Рубин Земон, Милчо Јованоски, Никола Митровиќ – бабе и Стефан Димоски. 

 Преку романот на Ал Ашури, читателска публика, според Рубин Земон, еден од промоторите, прв пат ќе се запознае со една димензија на македонското општество, од перспектива на припадничка на Египќаните, мала заедница, која се борела и сѐ уште се бори за интеграција во општеството. А токму промоцијата на романот беше темпирана на 24 Јуни – Денот на балканските Египќани. Се’ всушност почна од Охрид и Струга официјално со формирањето на првото Здружение на Египќаните формирано пред точно 32 години во Охрид и во истиот објект. 

289851249 984626972214684 1094727684394531908 n

– Низ романот, се преплетуваат неколку многу важни теми: љубов, идентитет, стереотипи, предрасуди, поделено општество, етноцентризам, расизам, родови прашања…, појасни Земун.
Токму таквата испреплетеност, нагласи, прави книгата да ја прочитате „во еден здив“ и поттикне и провоцира длабоко да размислувате за сите тие теми и прашања во нашето општество.
– Се разбира, поделеното општество кај нас нема да исчезне со издавањето на оваа книга. Ниту пак ќе исчезне расната дискриминација или етничката стигматизација, забележа Земон.
Романот, како што посочи промоторот Милчо Јованоски, го отсликува Охрид од средината на 80-тите години од 20 век.

site robertina
– Во него ненаметливо е проткаена и потрагата на Египќаните по своето место „под сонцето“ пресликана преку љубовта на двајца млади, кои не припаѓаат на иста вера, но се со искрена и чиста љубов и верба во себе. Во романот приказната има среќен крај ама во реалноста за жал често не е така, забележа Јованоски.

Никола Митровиќ – Бабе промовирајќи го трудот  рече: -Романот на Робертина Ашури како да ја прикажува вечно бараната формула за среќна љубов, за среќен живот во нашето секојдневие испреплетено со премногу различности а заклучок е едноставен: „Љубовта секогаш го наоѓа својот пат и не прави идентични“ …Зарем не дишеме сите исти воздух, зарем не умираме сите на исти начин…а јас би додал зарем ЉУБОВТА НЕ Е ИСТА ЗА СИТЕ?!…

…Особената вредност на „Децата на Амон“e живата интерактивна емотивна поврзаност на различните делови што го „оживува“ минатото и го прави преубаво четиво со автобиогравски елементи и нежно сочувани сеќавања  за  предците  и  семејството  но  и  за  животните  настани,  толку моќно и сликовито прикажани, рече промоторот Стефан Димоски. 

babe

Авторката Ал Ашури истакна дека предрасудите се тие што ги двојат луѓето едни од други, незнаењето и мислењето дека едните се подобри од другите. Смета дека е доволно само да се чувствува и разбира со јазикот на срцето, и сѐ друго е многу лесно…
– Од денот кога станав свесна за тоа која сум и што сум, на моите родители им беше многу важно да ми покажат како да излезам на крај со бремето што сум осудена да го носам низ животот. Тоа бреме ние Египќаните го носиме со илјадници години и ништо не може да се промени од генерација во генерација. Но сепак, имам надеж дека новите, младите синови и ќерки на Амон ќе можат да го носат тоа бреме подобро, ќе бидат горди, сфатени и прифатени без предрасуди, рече Ал Ашури.

robertina

Робертина Ал Ашури, родена е во Струга. Средно училиште завршила во Охрид, а студира во Белград на филолошкиот факултет – арапски јазик и книжевност. За време на студирањето работи во српската и македонската радио телевизија. По завршувањето на студиите, работи во Египетската амбасада во Белград. Во времето на немирните збиднувања во Југославија се преселила во Јордан, а по две години во Германија, каде што живее и твори сега.
„Децата на Амон“ вчерва од 19 и 30 часот ќе биде промовирана и во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга. 

290455290 10227066552745901 3712759354645343294 n

Познатиот уметник. сликар и хуманист, и кандидат за Нобеловата награда за мир Живко Поповски – Цветин на авторката и подари Цвеќе на мирота го честиташе и Денот на Балканските Египќани.

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 183
Share
Previous Post

Академик д-р Миле Миќуновиќ избран за почесен член на Меѓународната академија „Михаил Еминеску“ во Крајова

Next Post

Денес им е роденден: Наум Бурназ

Next Post
Денес им е роденден: Наум Бурназ

Денес им е роденден: Наум Бурназ

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 183

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk