• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 29, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Тикер

Во Охрид промовирана „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“

мај 23, 2022
in Тикер
Во Охрид промовирана „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“

Во пресрет на денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј, денеска во Охрид беше промовирано делото „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“, што го приредија Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски. На близу триста страници, во неа се поместени најзначајните кирилометодиевисти од Македонија, но и автори што го расветлуваат нивниот животен и творечки пат…

Култот на браќата Кирил и Методиј започнат уште во старословенскиот период, трае повеќе од 10 векови. Првиот оригинален словенски а истовремено и македонски просветител и писател, Свети Климент Охридски го крева на висок поетски пиедестал ликот, делото и заслугите на светите браќа, а преку црковно словенскиот период тој култ се возвеличи во времето на македонската преродба како силен отпор кон цариградската патријаршија. Ова при промоцијата на „Книга за светите браќа Кирил и Методиј“, го рече Славе Ѓорѓо Димоски кој заеднички со Димитар Пандев го приреди ова дело.

„И современиот македонски поет почесто се навраќа кон мотивот „Кирил и Методиј“ во своето творештво. Застапените песни во книгата се со високи уметнички вредности, но сите поети имаат различен индивидуален заглед кон мотивот „Кирил и Методиј“. Но, културниот код на Кирил и Методиј е произлезен од Македонија и длабоко е враснат во македонската културна традиција“, вели Славе Ѓорѓо Димоски, коприредувач на книгата.

Во книгата на 298 страници се поместени осврти, научни текстови, есеи, поетски творби и други објави низ коишто се претставуваат животот, делата и мисијата на светите браќа.

„Пред нас е дело што во најмала рака, уште еднаш ги потврдува сите определби што досега се кажани за овој простор. А тој простор во својата основа, ги содржи напорите и ги реактуализира, за жал, и по милениум заложбите на Светите Кирил и Методиј врамени во зборовите на апологијата на создателот на првата словенска азбука, во која и нашето право да зборуваме на својот јазик, така да се молиме, да тагуваме или да се радуваме“., вели д-р Бобан Карапејовски-промотор на книгата.

„Книгата за светите браќа Кирил и Методиј“ е во издание на општина Охрид и е дел од програмата за одбележување на Денот на сесловенската писменост.

Извор: Сашо Нелоски МРТ

Публицитет.мк 

Посетеност: 117
Share
Previous Post

„Елида Турс“ по 2 години пауза се врати со голф турнир во комплексот „Пирин голф“

Next Post

Охрид го чествува делото на светите Кирил и Методиј

Next Post

Охрид го чествува делото на светите Кирил и Методиј

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 117

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk