
Федерацијата на училиштен спорт на Македонија, во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Министерството за образование и наука, во периодот од 01.10/2021 до 03.10 /2021 во Охрид организираат Спортски игри за ученици со посебни потреби од основното и средното образование.

Учениците се натпреваруваат во повеќе дисциплини.
Наша чест е како училиште кое низ активности се обидува и континуирано работи за унапредување на образованието и овозможување инклузија на децата со посебни потреби, што сме вклучени во организацијата на настанот.Присуството на Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, нашата ракометна ѕвезда, дополнително ја збогати возбудата кај младите натпреварувачи. Да им посакаме на сите учесници успех во Спортските игри и секој да понесе медал, велат од СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ –Охрид каде што се одржуваат игрите.
Публицитет.мк






