Од понеделник 11 до петок 15 април во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе се одржува Саем на книгата од издавачот Матица македонска
Работно време на саемот ќе биде од 11.00 – 17.00ч.
Библиотеката го покани издавачот Матица македонска да ја претстави својата издавачка продукција од македонски и светски автори, а продажбата е на книжарницата „Просвета“ од Охрид, велат од Библиотеката и потсетуваат дека планираат и во иднина да имаат самеи со останатите издавачи од земјава.
Публицитет.мк