• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
понеделник, септември 15, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Во охридските училишта се’ повеќе деца имаат деформитети на ’рбетот – како да се спречи појавата?

април 19, 2017
in Аргументи за

Последните систематски прегледи на ’рбет и стапала кај учениците од основните училишта во Охрид се алармантни.

Деформитетите  не само што се позачестени, туку возрасната граница се спушта и кај децата кои штотуку се запишале во прво одделение.

Искривување на ’рбетот – болест на денешните деца. Дали тешката училишна чанта е преголем товар за првачињата? Колку седењето со часови пред компјутер е “здраво” за ’рбетниот столб? Ова се прашања на кои многу родители бараат одговор. 

Во намерите да се спречи оваа појава која подоцна уште повеќе негативно ќе се одразува во животот на децата треба да се вклучат пред се’ родителите, училиштето и здравствените работници. Првиот чекор се предавањата преку кои ќе им се укажува на децата ама и на родителите .

Неодамна  во ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид, стручен тим од одделението за Физијатрија од Општа болница – Охрид, во состав: д-р Благовеста Филева Попоска, физијатар и Емилија Китрозова- физиотерапевт, одржаа стилизирано предавање на тема: „Деформитети на ’рбет и стапало во претшколска и школска возраст“.

Настанот беше резултат на заедничкото залагање за здравјето на децата кои го има наставниот кадар во училиштето и секако во прв ред на барање на родителите.

opis3

-Тргнувајќи од потребата за правилен раст и развој на младата популација, тимот од болницата  истакнаа дека водењето грижа за сопственото тело е најважно  бидејќи тоа е единственото место каде можеме да живееме.

Многубројните посетители-ученици, родители и наставници, сликовито и практично се запознаа  со  деформитетите на жрбетот и стапалата, причини за нивна појава, рано откривање, превентива, лекување и третирање на истите.

Д-р Благовеста Филева ги потсети најмладите дека со правилен став, редовни вежби и правилна исхрана ќе имаат здравје и убав изглед. Но кој нема време за вежби, ќе има време да ги трпи последиците, рече таа. 

Следна средба со овој тим во училиштето ќе има во наредниот период кога ќе се продолжи со практични вежби за правилен раст и развој на детскиот организам, рече за Публицитет.мк, одделенската наставничка Виолета Илиевска.

Публицитет.мк 

Посетеност: 101
Share
Previous Post

Софија Тренеска од ОУ „Христо Узунов“ во финалето на Hippo интернационалниот натпревар по англиски јазик

Next Post

Во тек се серија предавања на Плевнеш на Сорбона

Next Post

Во тек се серија предавања на Плевнеш на Сорбона

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 101

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk