ООУ „Св.Климент Охридски“ денеска прв пат организираше мултикултурен ” Отворен ден по граѓанско образование”.
Овој проект е поддржан од Бирото за развој на образованието. Темата на проектот во нашето училиште беше: “Мерење на температурата на човековите права”. Учениците поттикнати од наставникот по граѓанско образование Зоран Старковски ги презентираа своите активности. Тие дадоа свои предлози за почитување на ученичките права во училиштето:
1.СТОП дискриминација
2. Почитување на личните работи и личниот простор
3. Решавање на конфликтите на ненасилен начин
4. Учество на учениците во донесувањето одлуки, вели директорката на училиштето Наташа танеска.
Публицитет.мк