
Тимот на уролози (д-р Мостро, д- р Симоноска, д-р. Јован -анестезиолог) под раководство на д-р Горан Балевски, денес за првпат изведе лапараскопска операција врз пациент од Битола, каде што беше рецесиран долниот пол на бубрегот поради циста, соопштија од ЈЗУ Општа болница – Охрид.
– Пациентот постоперативно се чувствува добро и после 24 часа може да биде испишан од уролошко одделение и да си оди дома. Благодарност на целиот тим на Урологија и на Анестезиологија. Со оваа операција се отвора ново поглавје за лапараскопски интервенции во Охрид и околината, за што целиот персонал при ЈЗУ Општа Болница Охрид е посебно горд стои во ФБ објавата.
Публицитет.мк







