Од вкупно 30 села во општина Дебрца од снегот пробиени се 28, до кои се исчистени и проодни општинските патишта. Останаа уште селата Мраморец и Турје, кои ќе бидат пробиени во текот на утрешниот ден. Во делови ,особено во селата од географска Дебрца се соочивме со многу снег, вели градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески.
-Во чистењето на снегот беше вклучено Јавното комунално претпријатие и избраниот изведувач на зимското оддржување на патиштата, ГП Победа Ботун.
Со Директорот на ЈКП заедно, од вчера од 14.00 – 02.00 по полноќ и од изутрина од 06 00 часот до 16.00 бевме вклучени во активностите и стигнавме до сите села.
Го исчистивме и Регионалниот пат Ботун – Белчишта – Лешани – Велмеј – Брежани, кој е обврска на Македонија пат. Знам дека ќе има можеби и некој незадоволен, но со оглед на временските услови и ситуацијата на теренот направивме се што можевме.
За утре дополнително ќе се ангажираме за дочистување на некои улици во селата и пристапни патчиња. И се разбира, се надевам дека и екипите на ЕВН ќе успеат да ги решат големите проблеми кои и тие ги имаат и сите села во општината ќе добијат електрична енергија, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот Ногачески.
Публицитет.мк