Дееска 5-ти јуни-светскиот ден на животната средина во општина Дебрца се поклопи со отпочнувањето на реализацијата на Годишната програма за организирање на јавни работи.
-Jавните работи ќе се организираат за одржување на јавната инфраструктура и одржување и заштита за животната средина и природата ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта, подобрување на условите за живеење и други работи), вели градоначалникот Зоран Ногачески.
Со програмата работно се ангажирани 10 долгорочно eвидентирани невработени лица, за период од 5 месеци. За потребите на јавните работи набавени се машини, хтз опрема и алати ( моторна коса тример, моторна пила телескопска, машина за сечење на асфалт, моторна пумпа за наводнување и одводнување, апарат за заварување, брусалици, градинарски и друг алат), а ќе биде ангажирана и механизација.
Публицитет.мк