Традиција продолжува. По 29 пат во Охрид во Центарот за култура „Григор Прличев“ во петок на 29 септември ќе се соберат: октети,пеачки групи, тајфи и хорови за да ја оживеат познатата македонска староградска песна.
Според веќе објавената програма со своја програма ќе се престават: Хорот при НУ Центар за култура “Григор Прличев” од Охрид Vox Lihnidos , КУД „Далги“ при ЗП Охрид и Дебрца, Октет од Прилеп, ВИС Орнаменти од Штип, пеачките групи „Сирма Војвода“ од Битола и „Весела Тајфа” од Богданци, „Распеани Гевгеличани“ од Гевгелија, и оркестарот при ФА „Бисери“ од Охрид.
Оваа манифестација е финансиски поддржана од Министерството за култра на Република Македонија.
Влезот е слободен, а почетокот е во 20 часот.
Публицитет.мк