Ден пред заминувањето во Америка, познатиот Владимир Василевски – Четкар беше гостин во нашиот веќе култен аудио – серијал
МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ.
Зборуваме отворено за заминувањата и доаѓањата, за непроспиените ноќи, за патот до успехот, вербата во љубовта, оствaрувањата на соништата, почитта кон семејството и ред други нешта …
Четкар на Вашиот новинар му се виде ист, таков како на почетокот во 1996 кога кариерата му тргна кон врвовите- едноставен, спонтан, непосреден, дружељубив и преполн со емоции кои не само што ја преплавуваат неговата душа, туку и душите, верувам и на оние кои ќе го слушаат интервјуто.
Четкар се навраќа на научените лекции во животот, на Охрид кого безмерно го сака, ни откри што сакал да биде како мал, како ја засакал гитарата, пред тоа виолината и дружбата во Музичкото…
И да не откриваме се Владимир Василевски – Четкар – гитаристот, композиторот , пејачот – личност кому му се восхитуваат во светот и овде кај нас во МОЈОТ ЖИВОТ, МОЈОТ СВЕТ – петок , 23 часот – www.publicitet.mk