Во петок во 20 часот во „Куќата на Христо Узунов“ во организација на Завод и Музеј -Охрид ќе биде отворена самостојна изложба насловена „Инскрипции ,жена во простор“ на турскиот уметник Мустафа Чеват Атал.
Мустафа Чеват Атал е роден во Караман Турција .Дипломира на Универзитетот Селџук ,докторира на Гази Универзитетот а од 2013 година работи како лектор на Намик Кемал Универзитетот во Текирдаг ,Турција. Зад себе има остварено шест самостојни изложби и голем број групни изложби.
Инскрипции ,жена во простор е најновиот циклус слики со кој авторот ќе се претстави пред охридската публика.
Публицитет.,к